Олимпискиот шампион и светски рекордер во спринтерските дисциплини на 100 и 200 метри, Јамајчанецот Усеин Болт денеска најави дека на ЛОИ во Лондон ќе се натпреварува во четири дисциплини.
Болт, покрај „своите“ дисциплини, ќе трча и во штафетите 4 Х 100 и 4 Х 400 метри.
„Секогаш сочекувам да видам како ќе минам во трката на 200 метри, а потоа донесувам одлука за остантите дисциплини. Ако се чувствувам добро, секако дека ќе се обидам да и помогнам на Јамајка да дојде до злата во штафефите“, им изјави Болт на новинарите во Лондон.
Тој вечерва, на свеченото отворање на Олимпијадата, на Олимпискиот стадион ќе го носи државното знаме на Јамајка.
Болт призна и дека нема да биде „пропаст на светот“ доколку не освои златни медалји во сите дисциплини.
„Секако дека во тој случај ќе бидам разочаран, но психички сум многу силен. Имам сјајни соработници, кои многу ми помагаат. Сепак, сега не сакам да зборувам за порази“, порача тој.