Илјадници Мексиканци ја блокираа најпопуларната телевизија „Телевиса“ заради пристрасност на изборите

Од:

Илјадници демонстранти ја блокираа најпопуларната мексиканска телевизија „Телевиса“, во Мексико Сити, заради пристрасно известување во текот на изборната кампања.

Извикувајќи „Кажете ја вистината“, демонстрантите меѓу кои имаше студенти и работници, го оневозможија влезот на вработените во телевизиската станица, пренесоа британските медиуми.

Тие ја обвинуваат „Телевиса“ дека го поддржа Енрике Пења Нијето, кој на изборите го победи левичарот Адерс Мануел Лопес Обрадор со раалика од седум проценти.

Демонстрантите најавиле дека блокадата на ТВ станицата ќе трае 24 часа.

„Телевиса“, која и натаму минимално емитува програма, тврди дека изборите ги следела чесно и дека на сите кандидати им посветила време во ударниот термин.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори