Стотина светски познати личности вклучувајќи 120 светски лидери ќе присуствуваат вечерва на отворањето на Олимпиские игри во Лондон, а меѓу гостите ќе биде и Анџелина Џоли, Мишел Обама и кралот на Свазиленд.
Се очекува рекордниот број шефови на држави и влада да ја гледаат 27 милиони фунти (42 милиони долари) вредната музичко-танцувачка-пиротехничка екстраваганција во главниот град Велика Британија.
Германската канцеларка Ангела Меркел и јапонскиот премиер Јошихико Нода ќе бидат некои од лидерите кои ќе го гледаат ова шоу во режија на Сениј Боља и на кое се очекува и живи овци и хирурзи-играчи од Националната служба за јавно здравје.
Британската кралица Елизабета Втора официјално ќе ги отвори Игрите на церемонијалот чија содржина е во тајност, но каде се очекува сцена во која филмската дадилка Мери Попинс го уништува противникот на Хари Потер, лорд Волдеморт.
Првата дама на САД, Мишел Обама ќе ја предводи американската делегација, а за сега не се очекува присуство на нејзиниот сопруг Барак Обама. Негов противник во предизборната трка Мит Ромни ќе се појави на отворањето.
Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кетрин ќе седат на отворањето во друштво на европското благородништво вклучувајќи го и принцот Алберт од Монако.
Руската делегација ќе ја предводи премиерот Дмитриј Медведев, а претседателот Владимир Путин можеби ќе намине, за да за своја душа го гледа натпреварот во џудо каде има црн појас.
Британската фудбалска легенда Дејвид Бекам би требало да се појави на церемонијата иако нема да се натпреварува за Велика Британија, што предизвика голем гнев во јавноста.
Организаторите очекуваат околу 120 шефови на држави и влади, што е многу повеќе во однос на 80 колку биле во Пекинг во 2008 година. Светските официјални лица ќе бидат пречекани во Бакингемската палата.
Најголемо внимание привлекуваат сепак забавите на познатите кои ќе се одржуваат во текот на Игрите вклучувајќи и гала вечерата во Музејот Викторија и Алберт во чест на боксерската легенда Мухамед Али.
Холивудската двојка Анџелина Џоли и Брет Пит ќе помогнат во организацијата на оваа вечер каде средствата ќе се собираат за хуманитарната организација „Спорт до мир“. На вечерата ќе се појаваи и акерката Кетрин Зета Џонс, автомобилистот Луис Хамилтон, украинските боксери, браќата Кличко. Храната, ако се суди според пишувањето на таблоидите, ќе биде типично британска – риба и компири.
Произведувачот на часовници „Омега“ исто така ќе организира серија „тајни“ журки во текот на Игрите, а меѓу гостите ќе биде австралијанската актерка и заштитно лице на „Омега“ Никол Кидман и пливачот Мајкл Фелпс.
На Игрите нема да присуствува Башар Ал Асад од Сирија иако сирискиот тим ќе се натпреварува на Олимпијадата, Роберт Мугабе од Зимбабве и Александар Лукашенко од Белорусија.
Под знак прашалник е и посетата на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад бидејќи рече дека верува дека Велика Британија има „проблем„ со него“.