Стармер: Светот каков што го знаевме повеќе не постои

Од:

Воодговор на американските царини, британскиот премиер Кир Стармер рече: „Светот каков што го знаевме повеќе не постои“.

Стармер најави дека ќе продолжи да се обидува да постигне економски договор со САД за да се избегнат некои од царините, но ја истакна и можноста британската влада директно да интервенира за да ги заштити националните интереси.

Во напис за Сандеј Телеграф, Стармер изјави дека ќе продолжи да се обидува да постигне трговски договор со САД за да избегне дел од царините, но најави и можна интервенција на државата на пазарот со цел да се заштити националниот интерес.

„На некои можеби не им е удобно – идејата државата директно да влијае на пазарот честопати беше исмејувана. Но, не можеме да се задржиме на старите верувања додека светот се менува толку брзо“, рече тој.

Велика Британија беше меѓу земјите погодени од новата основна царина од 10 отсто, со дополнителни царини од 25 отсто за извозот на автомобили, челик и алуминиум. Некои земји се соочуваат со уште повисоки царини кои од 9 април ќе достигнат и до 50 проценти.

Трамп ги објави тарифите со цел да ги охрабри американските потрошувачи да купуваат повеќе домашни производи и да ја зајакнат американската економија. Но, најавата, заедно со контрамерките како оние од Кина, предизвика пад на берзанските индекси за повеќе од 5 отсто и страв од нова глобална рецесија.

Би можело да ве интересира

Трамп му порача на Израел да ја „заврши работата“ против Хамас

Горан Наумовски

Трамп останува отворен за соработка со Ким Џонг Ун

Горан Наумовски

Трамп: Мора да ја запрете оваа ужасна инвазија, имиграцијата ја убива Европа

Трамп: Ќе ги намалиме цените на лековите за 1.500 отсто

(ВИДЕО) Американската војска уби висок лидер на ИСИС во Сирија

(ВИДЕО) Епштајн на снимка потврдува дека се дружел со Трамп: во роденденскиот албум го има и Бил Клинтон