Се прави план за долгорочно лекување во надворешни центри на повредените во дискотеката „Пулс“

Од:

Се утврдуваат потреби за долгорочно лекување во надворешни центри во втора фаза, информираше денеска доктор Игор Николов, контакт – лице за состојбата на пациентите од пожарот во дискотеката во Кочани.

Тој потврди дека има понуди од земји да третираат или за долгорочна рехабилитација да водат пациенти.

– Во моментов, на Пластична хирургија е само пациентка вратена од Унгарија. Тројца пациенти се отидени на домашно лекување, со препорака за редовни контроли. Во „Свети Наум Охридски“ има шестмина пациенти. Сите се стабилни, се очекува испис утре. На Токсикологија има двајца пациенти. И двајцата се стабилни. Во ГОБ „8 Септември“ нема пациенти во моментов, појасни Николов.

Шеесет и девет пациенти од пожарот во дискотеката во Кочани сѐ уште се лекуваат во странство. Засега, нема планирано враќање на некој од нив во текот на денешниот ден.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна рано наутро на 16 март. Шеесет лица го изгубија животот во трагедијата.

Би можело да ве интересира

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Вештак на одбраната: На „Пулс“ биле извршени занаетчиски работи, а не реконструкција – родителите дофрлаа, па беа отстранети од судница

А1он

Семејствата на жртвите од „Пулс“ в среда на марш: Придружете ни се, дајте ни поддршка

Катерина Ѓуровски

Крвав напад во Суми: Загинаа момче и девојка, над 20 лица се повредени

Четири лица, меѓу кои и едно дете се убиени во Новоросијск