Американскиот Стејт демартмент отворено ги повика Грција и Македонија да почнат директни разговори за надминување на прашањето за името.
Мајк Хамер, помошник државен секреатр, на брифинг за новинарите во Вашингтон изјави дека САД се надеваат дека решение за спорот може да се најде во краток рок.
„Долго време наша позиција е дека ги поздравуваме напорите на ОН и на генералниот секретар на ОН Бан Ки – мун кој ги повика Македонија и Грција да барат решение за прашањето за името. Ние се согласуваме со генералниот секретар дека постои потреба одново да се засилат напорите и САД продолжува да ги поддрржува активностите на Метју Нимиц и на ОН прашањето за името да се реши на краток рок. Затоа, силно поттикнуваме да има активен ангажман, директно, меѓу Атина и Скопје и се надеваме дека може да се постигне решение за спорот за името“, изјави Хамер на прашањето дали САД ја поддржуваат најавата на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун дека ќе побара од грчиот премиер Андонис Самарас да ја прифати македонската покана за разговори на виско ниво.
Во исто време, портпаролот на американскиот Стејт демартмент Викторија Нуланд изјави дека при посетата на заменикот државен секретар Филип Гордон на Атина ќе биде отворено и прашањето за разговорите за спорот за името и грчото учество во овие разговори.