(ВИДЕО) Силен ураган во Русија, повредени се 11 лица

Од:

Во силен ураган во руската централноазиска република Хакасија повредени се 11 лица, од кои пет се хоспитализирани, соопшти денеска руското Министерство за здравство.

„Според оперативните информации на Републичкиот медицински центар за катастрофи, 11 лица се обратиле до медицинските организации подредени на Министерството за здравство на Хакасија со повреди од различен степен и сериозност“, се вели во соопштението што го пренесува Интерфакс.

Според Министерството за здравство, тројца пациенти се хоспитализирани во меѓуобластната болница во Абакан, двајца пациенти се хоспитализирани во меѓуобластната болница Сајаногорск, а останатите пациенти се на амбулантско лекување.

Сите медицински установи во надлежност на Министерството за здравство на Хакасија се ставени во состојба на готовност.

Претходно беше објавено дека поради пожар е прогласена вонредна состојба во Хакасија, која се наоѓа на територијата на јужен Сибир.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО Масовно труење со алкохол во Русија, повеќе од 40 мртви

А1он

Небензја: Не го признаваме враќањето на санкциите на ОН врз Иран

Стармер: Путин продолжува со немилосрдните напади и мешање низ Европа

Асад преживеа труење, случајот предизвика бројни шпекулации

Откриен наводен обид за руска саботажа: Експлозиви пронајдени во конзерви со пченка

(ВИДЕО) Путин: Се обидуваат да ѝ нанесат стратешки пораз на Москва, но тоа е невозможно