Украинска феминистка со голи гради и заканувачки пораки испишани на телото, се обиде да се нафрли на Патријархот на Руската Православна Црква, Кирил, во знак на протест против антиукраинската политика на Кремљ и црквата.
Демонстрантката припаѓа на контроверзната Украинска група за заштита на женските права Фемен.
Активистката на грбот со големи црни букви имаше испишано „умри Кирил“ и извикнувала „Кирил, оди во пеколот“.
Таа набрзо била притворена, но подоцна пуштена без да се подигне обвинение против неа.