Нема потреба да го рестартирате вашиот компјутер или рутер, бидејќи тоа што не можете да се активирате на „гугле ток“ е проблем на мрежата. Сервисот не е достапен на многумина, не може да се разговара преку него, а причината се уште не е позната.
Интернет мрежата „Гугл“ на својата страница истакна дека е забележан проблемот. Корисниците можат да се логираат, но потоа стигаат пораки за грешка или недозволено однесување.
„Мрежата“ истакна дека се работи на случајот и се истражуваат причините, а најдоцна за еден час проблемот ќе биде решен.