На Косово фатен убиецот на Алфите кај ПМФ но и осомничен за петкратното убиство кај Смилковци

Од:

По 4 години бегство на Косово е уапсен Алмир Дрпљанин, македонски државјанин по кој македонската полиција трагала за повеќе кривични дела, меѓу кои и убиството и обидот за убиство на полициските Алфи кај ПМФ во 2008 година и разбојништво на ПРО КРЕДИТ банка.

Според информации на весникот „Лајме“ можно е Дрпљанин да се сомничи и за вмешаност во петкратното убиство кај Смиљковското езеро. Како што пренесува весникот на албански јазик идентитетот на уапсениот се уште не се открива, а истиот бил фатен на Косово , близу Урошевац. Повикувајќи се на неофицијални информации од косовската полиција весникот објави дека кај уапсениот биле пронајдени златен накит и две пушки „Калашников“.

Од МВР велат дека не е исклучена можноста Дрпљанин да е поврзан со петкратното убиство кај Смилковското езеро, но нема детални сознанија. Оружјето пронајдено кај Дрпљанин е испратено на вештачење, кое ќе помогне да се утврди дали има поврзаност со убиството кај Смилковксото езеро.

Алмир Дрпљанин во април 2010 година доби доживотен затвор за убиството на полицаецот Африм Арифи пред Природноматематичкиот факултет во Скопје. Керими Реџаил и Агим Ислами веќе ја издржуваат доживотната затворска казна за убиството кај ПМФ, додека за помагање на убијците 6 години затвор доби Рамадан Шакири.

На 26 ноември 2008 година, тројцата на паркингот пред ПМФ испукале 70 куршуми од автоматска пушка кон возилото марка „мазда“ во кое бил полицаецот Арифи и уште двајца полицајци. Арифи почина на самото место, а останатите полицајци заработија тешки повреди и останаа инвалиди.

 

Би можело да ве интересира

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он