Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, од денеска до 28 јули ќе престојува во работна посета на Лондон, по повод свеченото отворање на 30-тите Летни олимписки игри, информираат од неговиот Кабинет.
„Во пресрет на отворањето на ЛОИ „Лондон 2012”, претседателот Иванов попладнево ќе го посети Олимпиското село, каде што ќе оствари средба со македонските олимпијци и ќе присуствува на церемонијата на подигнување на македонското знаме. Во рамки на посетата, македонскиот претседател вечерва ќе оствари средба со претставници на македонската дијаспора“, се вели во соопштението од Кабинетот на Иванов.
На покана на кралицата Елизабета II, претседателот Иванов утре ќе присуствува на приемот во Бакингемската палата што го приредува Кралицата, а на кој шефовите на држави и влади ќе ги пречека премиерот на Обединетото Кралство, Дејвид Камерон.