Ѕвездите на „Два и пол мажи“ најдобро платени американски ТВ актери

Од:

Ештон Качeр и Џон Крајер, ѕвездите на серијата „Два и пол мажи“, се најдобро платени американски телевиски актери оваа година, со заработка од повеќе од 20 милиони долари, објави „Форбс“.

Качер (35), кој во 2011 година во серијата го замени Чарли Шин, втора година по ред е прв на листата на најдобро платени телевизиски актери со заработка од 24 милиони долари. Втор е Крајер, кој годинава заработил 21 милион долари.

Нивниот колега од серијата, 19-годишниот Ангус Т. Џонс, е на седмото место со заработка со 11 милиони долари во периодот од јуни 2012 до јуни 2013.

На трето место на листата се наоѓа Реј Романо, ѕвездата на хумористична серија „Сите го сакаат Рејмонд“, чие снимање заврши пред осум години. Од продажба на правата за прикажување на серијата Романо годинава заработил 16 милиони долари.

Нил Патрик од серијата „Како ја запознав вашата мајка“ со заработка од 15 милиони долари и го дели четвртото место со ѕвездата од „НЦИС“, Марк Хармон.

Чарли Шин е десетти на листата со заработка од десет милиони долари.

Инаку, станува збор бруто заработки.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ