Писмо на Срби од Косово: Луѓето на Тачи се на српска листа

Од:

Единствената српска листа за која што зборуваат во медиумите е лажна. Чекорот на канцеларијата за Косово и Метохија, по повод изборите за 3-ти ноември ги загрижува луѓето од КиМ, бидејќи српските власти за општината Ранилух му дадоа поддршка на Градимир Микиќ, десна рака на Хашим Тачи во создавањето независно Косово.

Тој заедно со сопругата Весна Микиќ (пратеник во собранието на Косово), веќе 14 години се наоѓа на платениот список, првин на Рамуш Харадинај, а сега и на Тачи.

Прашањето кое што се наметнува е како овој човек стигна до т.н српската листа, кога уште во 2001 година на Србија и сврте грб, прифаќајќи го местото заменик-градоначалник на Косовска Каменица и покрај тоа што тогашните органи на Србија се уште беа присутни на тлото на оваа општина?

Одговорот на ова прашање е дека на листата го поставил Ѓорѓе Андреевиќ, стоматолог, кој е претседател на привременото собрание и кој веќе 12 години покрај тоа што е вработен во српскиот здравствен центар и директор на косовскиот центар, таа услуга всушност ја доби од својот лидер Микиќ.

317932_kosovo-i-metohija--kosovoska-mitrovica--beta_f

Градимир Микиќ поседува големо богатство кое што го стекна работејќи со Тачи, бидејќи до 2000 година беше само вработен во Биначка Морава, каде што работеше како машинобравар, па како што велат граѓаните не бил многу моќен-стои во писмото.

Денес, по само 12 години тој е сопственик на куќа на Авала, неколку станови во Белград, спортски обложувалници и еден угостителски објект во Ропотово.

Јавноста во ова мала, српска општина е вознемирена и на изборите нема да му даде поддршка на овој кандидат и на неговата листа, не затоа што се противи на Србија, туку затоа што додека народот се бореше против албанскиот терор и прогон, Градимир и Весна Микиќ беа пратеници во косовското собрание и земаа плата од 2.000 евра.

За карирата и делата на овој господин е известен целиот државан врв, односно владата на Република Србија и е поставено прашањето дали на српската листа се наоѓаат следбеници на Хашим Тачи?

Србите на КиМ се речиси во безизлезна состојба, добиваме закани од српските и од албанските политичари дека мора да излеземе на изборите, инаку нема да добиеме пари, ниту основни средства. Помош немаме ниту од една страна, и со ова писмо упатуваме повик до српскиот народ некако да ни помогне, за да можеме да опстанеме на овој простор.

Превод: Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија