ЕК: Косово подготвено за преговарачкиот процес за потпишување на ССА со ЕУ

Од:

Косово е подготвено за почеток на преговарачкиот процес за потпишување на спогодбата за стабилизација и асоцијација со Европската унија, се наведува во годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата на нејзиниот пат кон Унијата.

Во документот се нагласува дека косовските власти активно учествувале во дијалогот со Белград, поради што Комисијата дала согласност за почеток на преговорите за потпишување на ССА.

– Косово покажа готовност и во процесот за исполнување на критериумите за влез во ЕУ, особено во областите на владеењето на правото, јавната администрација, заштитата на малцинствата и трговијата, се додава во извештајот.

Како позитивен чекор се споменуваат усвоените закони во врска со доделувањето азил, финансирањето на партиите, борбата против трговијата со луѓе. Во позитивна смисла е споменато и стапувањето во сила на законите со кои се уредува новата структура на судската власти и обвинителството.

ЕК препорачува дополнителни промени во изборното законодавство, работата на Парламентот, човековите права, внатрешниот пазар, како и во одгледувањето на животни и растенија.

Во врска со економските показатели ЕК ја потенцира потребата од обезбедување на дополнителни мерки за зајакнување на способноста за работа во пазарна средина.

ЕК побара од властите во Приштина да го поддржат приватниот сектор, како и да преземат мерки за намалување на невработеноста.

 

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица