Медведев не гледа корист за Украина од нејзино асоцијативно членство во ЕУ

Од:

Рускиот премиер Дмитриј Медведев не гледа никаква корист од членство на Украина во Европската унија и смета дека шансите на таа држава да влезе во Царинска унија на Русија се никакви во случај на потпишување на Договор за асоцијација.

Медведев ја даде изјавата на заедничка конференција за печат со украинскиот премиер Миколо Азаров по состанокот на Одборот за економска соработка на Руско-Украинската меѓудржавна комисија, пренесе Танјуг.

Рускиот премиер додаде дека не знае зошто Украина потпишува договор за придружно членство со ЕУ.

– Не знам, тоа е одлука на Украина, а јас не гледам никаква посебна корист. Веројатно нашите украински партнери подобро знаат, но ајде да видиме, нагласи рускиот премиер.

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски