ЕК: Косово е во сериозен проблем поради корупција

Од:

Косово оствари голем напредок за нормализација на односите со Србија, но постојат сериозни проблеми, кога станува збор за владеењето на законите, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и во заштитата на малцинствата, пишува во годинешниот извештај на Европската комисија, кој утре официјално ќе биде претставен.

-Косово оствари историски напредок-стои во извештајот за Косово, како што дознал „Танјуг“.

Идентично како и во извештајот за Србија, властите добија пофални зборови поради потпишувањето на Бриселскиот договор и напорите за негово спроведување.

Но, комисијата констатира дека на северот на Косово имало отпор за спроведување на договорот.

-Воздржаноста и инклузивниот пристап на приштинската власт спречија ескалација-пишува во извештајот, во кој се истакнува дека и Белград одиграл важна позитивна улога.

Кога станува збор за исполнување на политичките критериумите, Комисијата забележала напредок во врска со донесување на неопходните закони, но постои мислење дека треба да се вложи многу напор истите да се спроведат и тој процес внимателно треба да се надгледува.

-Косово треба да даде конкретни докази дека борбата против корупцијата и организираниот криминал се приоритети и во таа смисла да ги зајакне законите, како и нивната примена-пишува во извештајот во кој што се повикуваат приштинските власти целосно да соработуваат со Еулекс, вклучувајќи го и експертскиот тим, кој ги истражува наводите за трговија со органи.

Комсијата ја изразила и својата загриженост поради негрижа за заштита на малцинствата, особено за Ромите, за кои се вели дека се во тешка ситуација.

Годишниот извештај на ЕК за напредокот на Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Турција утре ќе биде официјално претставен, во т.н пакет за проширување.

Елена Георгиевска

 

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица