Италијанскиот архиепископ Пијетро Паролин денеска ја презеде функцијата „премиер на Ватикан“.
Тој стана државен секретар на Ватикан, кој е втор по важност во хиерархијата на Римокатоличката црква по папата.
Папата Франциско го објави именувањето на Паролин на 31 август. На оваа функција досега се наоѓаше италијанскиот кардинал Тарчизио Бертоне, кој беше многу критикуван за време на неговиот осум годишен мандат, но беше силно заштитуван од претходниот папа Бенедикт Шеснаесетти.
Од Паролин, кој беше амбасадор на Ватикан во Венецуела, се очекува помалку да се меша во внатрешните работи на Италија и да се осврне на меѓународната дипломатија и реформите во Црквата.
Педесет и осумгодишниот Паролин е најмладиот државен секретар во последните 70 години, но се смета за исклучително добро запознат со внатрешните дела на Ватикан.
Тој е свештеник од 1980 година и епископ од 2009 година. Работел како амбасадор во Нигерија и Мексико, а од 2002 до 2009 година е заменик министер за надворешни работи на Ватикан.