Коњановски: Во Свети Николе 19.800 барања за легализација на земјоделската механизација

Од:

Вкупно 14 милиони евра субвенции се доделени последните четири години на производители во Свети Николе и Лозово. Од овој регион произлезе и идејата за легализација на земјоделската механизација, рече денеска заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски.

По посетата на општина Свети Николе, Коњановски нагласи дека нешто повеќе од една година се доставени 19.800 барања за легализација на тракторите.

– Земјоделците биле во право кога побарале од нас сериозно да размислиме за легализација на земјоделската механизација. Тоа важеше една година во законот, имаше важност до 30 септември, а сега доаѓа фаза кога со судовите треба да ги решиме сите барања, изјави заменик министерот.

Тој имаше средба со вработените во Подрачната единица на Министерството, градоначалникот Зоран Тасев, земјоделците и претставниците од индустријата за преработка на сточна храна.

Во наредниот период, како што информира, ќе се бараат начини како да се намали увозот на јунешко месо во земјава.

– Имаме квалитетна и здрава сточна храна што е предуслов за развиена индустрија каква што впрочем и имаме во однос на товениците. Со производството на свинско месо, Македонија не е увозно зависна, рече Коњановски.

Денешната посета е во рамки на серијата работни средби кои, според заменик министерот, се многу значајни за сите засегнати страни зашто од разговорите произлегуваат идеи и решавања на одредени проблеми.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници