Еврокомесарот за проширување Штефан Филе изјави денеска дека очекува Украина да и дозволи на поранешната премиерка Јулија Тимошенко да замине на лекување во Германија, пред средбата на ЕУ кон крајот на следниот месец.
Со тоа ќе се надмине клучната пречка за склучување договор меѓу ЕУ и Киев.
– Мислам дека не сме далеку од тоа. Очекувам тоа да се случи пред средбата на врвот во Вилнус, која треба да се одржи на 28 и 29 ноември, нагласи Филе.
Владите од ЕУ го условуваат потпишувањето на договорот за асоцијација и слободна трговија меѓу Унијата и Украина со дозволата за лекување на Тимошенко, која отслужува казна затвор од седум години.