Шпанскиот премиер Маријано Рахој во интервју за винески „Курир“ изјави дека не постои подобра алтернатива за ЕУ и за еврото, додавајќи оти кризата покажала оти е потребна банкарска и фискална унија.
Рахој негира дека Шпанија прерано го вовела еврото, додавајќи оти кога ќе бидат исполнети преземените обврски од економската и монетарната унија, земјата ќе биде посилна.
Рахој посочи дека Шпанија бележи мал економски раст и оти набрзо може да излезе од рецесијата што почна во 2008 година.
– Длабоките реформи и стриктната буџетска политика придонесоа за растот. Таквите радикални мерки сега се покажуваат како исплатливи, истакна Рахој.