Во Етиопија загинаа двајца сомалиски терористи пред да извршат самоубиствен напад

Од:

Двајца сомалиски бомбаши-самоубијци, кои требале да извршат напад на фудбалски натпревар во Етиопија во неделата, случајно го активирале експлозивот пред настанот, соопшти етиописката Влада.

Се претпоставува дека напаѓачите планирале да го активираат експлозивот на националниот стадион во Адис Абеба или во околните реони.

Се уште никој нема преземено одговорност за неуспешниот бомбашки напад. Во неделата играа Етиопија и Нигерија за квалификации за Светското првенство во Бразил.

 

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија