По повеќе од 125 години откако првиот број беше испечатен во Париз, весникот Интернешнал хералд трибјун од денеска излегува како Интенешнал Њујорк тајмс.
Целта е меѓународното издание на Њујорк тајмс да ја зголеми популарноста во светот. Промената на името на еден од најпознатите светски весници беше објавена пред неколку месеци.
За првпат излезе од печат во 1887 година како Париз хералд. Во моментот весникот се продава во над 135 држави.