Авион со 14-член екипаж исчезна во Мексико, соопштија властите.
Врската со леталото, кое извршувало внатрешен лет, била изгубена уште во воздух над северозападната држава Јужна долна Калифорнија.
Потрагата по авионот била отежната поради лошите метеоролошки услови во реонот поради приближување на тропската бура Октав, која доаѓа од југозапад и се очекува да го зафати северното мексиканско крајбрежје денеска попладне по локално време.