Мошне важно е децата да се хранат здраво, но тоа ќе го постигнете само доколку од мали нозе ги навикнувате на здрав живот, што подразбира и здрава исхрана. Следат неколку причини за дебелината кај децата и начини како таа да се спречи:
1. Прескокнување на појадокот
Брзата утринска рутина не е изговор да се прескокне појадокот. Децата, кои појадуваат подобро поминуваат на тестовите, имаат повеќе енергија и помалку килограми од децата, кои го прескокнувата појадокот. Главна причина за делебината кај децата е тоа што не појадуваат, па затоа потрудете се на своето дете секое утро пред заминување на работа да му подготвите здрав појадок.
2. Појадок богат со шеќери
Слаткиот појадок е всушност мошне лош, бидејќи придонесува за таложење на килограмите. Наместо сладок појадок, на детето можете да му подготвите овесна каша или да му дадете снегулки без шеќер.
3. Избегнување на активности надвор
Децата, кои си играат надвор имаат повеќе енергија, самодоверба и намален ризик од дебелеење. Забранете им на децата претерано играње игри на компјутер и изнесете ги надвор.
4. Нездрави грицки
Најдобро оружје во борбата против детската дебелина се здравите грицки, кои вклучуваат овојшје и зеленчук, овесна каша и други житарки. Здравата исхрана треба да стане начин на живот на вашето семејство.
5. Избегнување на спорт
Запознајте го детето со различни видови на спорт, со цел да се заинтересира за некој од нив. Тоа е извонреден начин за борба против дебелината и стекнување нови пријатели.
6. Прекумерно време поминато пред екран
Изгаснете го телевизорот и компјутерот и поминете време со децата надвор. Возете велосипед, трчајте или играјте кошарка. Тоа е одличен начин да поминете квалитетно време со децата и во исто време да водите здрав живот.