Премиерот на Норвешка поднесе оставка

Од:

Норвешкиот премиер Јенс Столтенберг денеска поднесе оставка од функцијата согласно претходната најава и изборните резултати, бидејќи неговата коалиција беше убедливо поразена минатиот месец од опозицијата, предводена од идната премиерка Ерна Солберг.

Тој веднаш по парламентарните избори на 9 септември истакна дека ќе се повлече веднаш по изработката на буџетот за следната година, што денеска го направи во присуство на норвешкиот крал Харалд Петти. Столтенберг ја извршуваше премиерската функција од 2005 година во два мандата, а најмногу пофалби доби за својата економска политика.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани