Голем гаф се случи на првиот воведен ден на Олимпискит игри во Лондон на почетокот на мечот на женските репрезентации на Северна Кореја и Колумбија во фудбал.
Организаторите на Хемпден паркот во Глазгов направија голема грешка кога до сликите на натпреварувачките на Северна Кореја поставија знаме на Јужна Кореја, што стручниот тим го доживеа како голема навреда.
Севернокрејките демонстративно го напуштија стадионот, а организаторите се чудеа како да се оправдаат пред повеќемилионскиот аудиториум, во услови кога Игрите официјално и не се почнати.
Натпреварувачките после повеќе од два часа убедување сепак се вратија на теренот, а грешката веднаш беше исправена.
Организациониот комитет на ОИ веднаш испрати соопштение до Олимпискиот комитет на Северна Кореја со извинување и напомена дека грешката била ненамерна и дека нема да се повтори.