Струмица и Лерин заедно ќе развиваат алтернативен туризам

Од:

Во Струмица денеска и утре во организација на Канцеларијата за европски проекти, се одржува семинар на тема „Развој на алтернативни форми на туризам во пограничните општини Струмица од Македонија и Лерин од Грција”, во рамки на ИПА Програмата за прекуграничен развој.

Како што изјави Ѓоко Ристовски, проект-менаџер од Канцеларијата за европски проекти, на семинарот ќе бидат разгледани проектните активности и изработка на свот-анализа меѓу двете погранични општини.

– Во овој проект се опфатени истражувачки, инфраструктурни и промотивни активности. Во делот на истражувачките активности, во фаза е изработка на Стратегија за развој на туризмот во Струмица. Во инфраструктурните активности, се врши утврдување на 30 патеки со кои ќе се збогати туристичката понуда, а паралелно течат и подготовките на документарен филм и спот со туристичките понуди на Струмица, нагласи проект-менаџерот Ѓоко Ристовски.

За претставникот на градот Лерин, Амбас Василис, овој проект претставува убава можност за размена на искуства и зближување на граѓаните од двете погранични општини.

– Ова е наша прва соработка со локалната власт од Струмица и се надевам дека средствата кои ги добивме преку ИПА-Програмата за прекуграничен развој ќе ги искористиме за претставување и развивање на алтернативниот туризам, како и за отворање нови соработки меѓу туристичките работници од двете општини,изјави Амбас Василис.

Во рамки на дводневниот семнар гостите ќе ги посетат туристичките знаменитости на Струмица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите