„Соба со пијано“ најновиот филм на режисерот Игор Иванов-Изи, продукција на „Скопје филм студио“ и Светозар Цветковиќ, Васил Зафирчев, Симона Спировска, Наташа Петровиќ и Јовица Михаловски во главните улоги, од денес премиерно ќе се прикажува пред прилепската публика, со почеток од 20 часот во ЦК „Марко Цепенков“.
Проекции на новото филмско остварување на Иванов ќе има сѐ до 19-ти овој месец. Цената на билетите е 50 денари, а љубителите на филмот ќе можат да проследат приказ на различни животни судбини доведени на единствена локација од чиј ракурс можат да се допрат најсуштествените аспекти на нашето постоење.
Филмот премиерно беше прикажан на овогодинешното 34-то издание на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“.
А.Ш.