Приближувањето на денот на локалните ибзори и се пожешката изборна кампања, услови мисијата на ЕУ, ЕУЛЕКС да го зголеми полициското присуство, особено во северниот дел на Косово.
Според надлежните, врз основа на подготвениот план се превземаат потребните мерки за безбедноста на граѓаните и учесниците во изборите. Од ЕУЛЕКС тврдат дека во соработка со другите механизми загарантирана е безбедноста.
Портпаролот на мисијата Блерим Красниќи, вели дека припадниците на меѓународната полиција, посебно ќе бидат фокусирана во северниот дел на Косово.
– ЕУЛЕКС во соработка со КФОР, ќе ја поддржува косовската полиција во обезбедувањето на безбедноста за време на изборите. Фокусот на ЕУЛЕКС посебно ќе биде насочен во северниот дел на Косово. Поради тоа, ЕУЛЕКС ќе го зголеми присуството на полицијата на северот, изјави Красниќи.
Како на северот така и во другите делови на земјата, состојбата е мирна и засега нема пробеми кога станува збор за предизборната кампања.
Полициските авторитети на Косово нагласија дека главната одговорност за сигурноста на северот на земјата паѓа врз косовската полиција, потпомогната и од ЕУЛЕКС.