Општина Врапчиште незаконски избра заменик-градоначалник

Од:

Советниците на Општина Врапчиште избраа свој заменик-градоначалник. Оваа одлука, која се усвои за време на редовната седница на Советот, е спротивна на Законот за локална самоуправа.

Споредзаконските одредби, Советот може да избере заменик само ако на градоначалникот му престане мандатот, што не е пример во овој случај.

„Градоначалникот определува кој од членовите на Советот ќе го заменува во случај на спреченост или отсуство, во постапка утврдена со Статутот.

На членот на Советот му мирува функцијата член на Советот за времето кога го заменува градоначалникот”, стоиво членот 52 од Законот за локална самоуправа на Република Македонија.

Министерот за локална Самоуправа, Тахир Хани, во телефонски разговор ни потврди дека исклучиво градоначалникот може да именува свој заменик, но само кога тој е отсутен.

Функцијата заменик-градоначалник на општина Врапчиште ја доби Ердал Ахмеди од Демократската партија на Турците во Македонија.

Во своето обраќање тој посочи дека ќе презема активности за привлекување на нови странски инвестиции и дека ќе се залага за еднаквост на заедниците.

На дневен ред на четвртата седница на Советот се најде и точка која предлага турскиот јазик да биде службен во општината, но со образложение дека барањето е доставено само на македонски јазик, предлогот се одложи за наредната седница.

Г.М.

 

Би можело да ве интересира

Тошковски потврди дека советник назначен од него бил отстранет од Тетово – бара Внатрешна контрола да утврди зошто

Анита Петровска Рајковиќ

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Запалени две диви депонии во тетовско

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени

Синдикатот бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

Орце Костов

Според тетовската полиција, кучето кое со страотни крици падна од зграда,никој не го турнал

Катерина Ѓуровски