Груевски: Годинава 135 милиони евра земјоделски субвенции, догодина 140 милиони

Од:

Субвенционирање, можност за откуп на државното земјиште дадено под концесија, поддршка за формирање задруги е дел од помошта што Владата им ја дава на земјоделците. Една од најголемите поддршки во земјоделството, според премиерот Никола Груевски, се субвенциите, кои годинава изнесуваат 135 милиони евра, а нивната исплата оцени дека оди добро.

– Тоа е рекорд во историјата на Република Македонија. Никогаш ниту приближно немало вакво нешто. Во времето на нашиот политички конкурент СДСМ, речиси и немаше субвенции до последната година кога принудно овозможија пет милиони евра за тутунарите. Велам принудно затоа што имаше сериозни демонстрации пред изборите и мораа да дадат нешто. Во тоа време не постоеа субвенции за земјоделците, изјави Груевски одговарајќи на новинарско прашање по денешната промоција на нова опрема во Градска општа болница „8 Септември“.

За следната година, најави дека во буџетот се предвидени нови 140 милиони евра, што, според него, е многу сериозна поддршка за македонското земјоделство и македонскиот земјоделец.

Земјоделците кои имаат земјиште под концесија, со посебен закон Владата им овозможи да можат да си го купат, а донесен е и Закон за поддршка на земјоделските задруги.

– Се изгласа Закон со кој Владата сериозно им помага на земјоделците во здружување во земјоделски задруги да можат на поефикасен начин да ги искористат својот труд, енергија и производ, затоа што ќе можат заеднички да ја користат механизацијата што ја имаат, ќе можат да прават исти сорти на производите што ги произведуваат и на тој начин да настапуваат со поголема количина на пазарот, рече Груевски.

Кога се настапува со поголема количина, смета дека полесно се наоѓаат купувачи затоа што големите купувачи во Европа бараат поголеми количини и изедначеност во стоката што се продава, да можат да повлечат поголема количина со ист квалитет.

– На тој начин ќе обезбедат и повеќе обука, професионални менаџери да ја водат задругата, тука помага и државата со специјални поддршки финансиски за првите неколку години, менаџерот да биде целосно или делумно плаќан од страна на државата, додека застане на нозе задруга. Постојат и многу други работи со кои му помагаме и ќе му помагаме на македонското земјоделство, кое е еден од основните столбови на нашата економија и воопшто на живеењето во овие години, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните четири години, неспособната власт доцни

Катерина Ѓуровски

Ќе се субвенционираат пристигната патници и дестинации, Владата ги менува условите за поддршка на авиокомпаниите

Катерина Ѓуровски

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан