Откако А1 вчера ја објави веста за поставените патоказни табли на патниот правец Струга-Дебар на кои освен на македонски и англиски, името на Вевчани е напишано и на албански јазик како Вевчан, до Агенцијата за државни патишта реагирале од општина Вевчани.
Од таму испратиле писмено предупредување доколку не ги отстранат или корегираат постоечките патоказни табли и не бидат поставени нови тогаш општината заедно со инспекциските служби согласно законот ќе преземе акција за отстранување на истите.
-Општина Вевчани реагираше веднаш до Агенција за државни патишта за поставените сообраќајни патокази на кои Вевчани е испишано и на албански. Доколку не се корегирааат патоказните знаци согласно позитивните законски решенија на Република Македонија општина Вевчани со инспекциските служби согласно закон ќе преземе акција за отстранување на истите, стои во изјавата за А1 на Ѓорѓи Влајнкиноски од кабинетот на Градоначалникот на општина Вевчани.
Во реакцијата на вевчанскиот градоначалник Цветомир Угриноски испратена директно до Агенцијата за државни патишта пишува:
-Како градоначалник на Вевчани ве замолуваме да орагнирате корекција на веќе поставените сообраќајни патокази.Согласно законот за употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Македонија и во едниците на локалната самоуправа, на територијата на општина Вевчани нема такви.
– Бараме сообраќајните патокази што се наоѓаат на територијата на Вевчани да се заменат со нови патоказни табли кои ќе бидат испипшани на македонски јазик и кирилично писмо“, стои во писменото барање на градоначалникот Угриновски до директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георигиевски.
Како што објави А1 на албански јазик се испишани имињата на сите населени места со Македонци во струшкиот регион. Но, називот на албански јазик на селото Враништа едно од по големите македонски села во струшко е пречкртан со црна боја и стојат називите само на македонски и англиски јазик.
Мики Трајковски