Грчката атлетичарка Вула Папахристу е исклучена од составот на грчката олимписка репрезентација поради „расизам“, соопштено е во лондонскиот олимписки центар.
Атлетичарката која требаше да се натпреварува во трискок е казнета за нејзините коментари на една од интернет мрезите за социјално дружење, што се оценети како „расистички“. Таа на Твитер напишала „Толку многу Африканци има во Грција…Барем комарците од западен Нил ќе можат да јадат домашна храна“.
По казнувањето таа изјави дека „само се шегувала“, но призна дека направила „тешка грешка и лоша проценка“ за тоа дека „шегата“ може да биде и поинаку протолкувана.
Со казна исклучување од олимпискиот состав е казнет и мароканскиот атлетичар на 1500 метри Марием Алауи Селсум. Тој нема да се натпреварува на Олимписките игри во Лондон, затоа што не го помина последниот анти допинг тест.