Министерот Џафери се сретна со авганистанскиот колега Мохамади

Од:

Министерот за одбрана на Република Македонија Талат Џафери, денеска во рамките на посетата на македонскиот контингент кој е дел од силите ИСАФ, оствари средба со министерот за одбрана на Авганистан, Бисмила Кан Мохамади.

На средбата, како што соопшти Министерството за одбрана, соговорниците размениле мислења за моменталната состојба во средно-азиската земја, како и за плановите за понатамошен развој и демократизација.

Министерот Мохамади му се заблагодарил на министерот Џафери за придонесот на македонските мировници во напорите за етаблирање на мирот и демократијата во овој дел од светот. 

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Русија распореди три „прстени“ за воздушна одбрана за да ја заштити Москва

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд