Вечерва е финалето на Макфест 2013, а меѓу финалистите се најдоа Маја Вукичевиќ, Сања Лефкова, Боби Мојсовски, Кристина Арнаудова, Марија Бунда, Ангела Русо, Игор Митровиќ. Синоќешното полуфинале далеку од некогашниот Макфест, со релативно невпечатливи песни, со исклучок на две три, како таа на Маја Вукичевич, Кристина Арнаудова, или на Игор Митровиќ – „За Крај“
Желбата да се продуцираат повеќе хитови како на минатите фестивали по се изгледа ќе почека.
Организаторот на манифестацијата воопшто и не го промовира фестивалот како во изминатите години. На официјалниот Јутјуб канал, и воопшто никаде не можат да се преслушаат песните пред вечерашното финале, зашто ги нема. Сеуште најнови се песните од минатогодишниот фестивал во 2012 година.
Вечерва ќе бидат изведени 18 песни, 12 избрани од публиката и шест од стручното жири. Наградите како и секогаш ќе бидат поделени според гласовите на штипската публика.