Освен на македонски и англиски називот на најмакедонското село во струшкиот регион општината Вевчани од неодамна е напишан и на албански јазик.
На албански јазик називот на Вевчани е Вевчан. Градоначалникот на Вевчани, Цветомир Угриновски е на службено патување во Лондон, па за сега нема одговор од негова страна околу ова прашање.
Тројазични патоказни табли на македонски, албански и англиски јазик од неодамна се поставени на патниот правец Струга-Дебар кој беше реконстуиран и поставен е нов асфалт.
На албански јазик се напишани и останатите населени места после Струга. Но, називот на албански јазик на селото Враништа едно од по големите македонски села во струшко е пречкртан со црна боја и стојат називите само на македонски и англиски јазик.
Истовремено називите на македонски јазик на патоказните табли кои водат кон населените места со чисто етничко албанско население како што се Теферич,Шум, Заграчани, Горна Белица се пречкртани со црна боја и стојат називите само на албански јазик.
Мики Трајковски