Во тајфунот „Нари“ загинаа осум лица

Од:

Тајфунот „Нари“ го погоди денеска северниот дел на Филипините и усмрти осум лица, а носеше покриви од зградите и остави два милиони луѓе без струја.

Околу полноќ по локално време, „Нари“ стаса до источниот брег носејќи дрвја и столбови и движејќи се кон запад, преку земјоделските региони на главниот остров Лузон на северот на Филипините.

typhoon-nari-filipini1

Кога „Нари“ со орканските ветрови се премести кон внатрешноста, дојдоа дождови кои одронија ѕид од кал и затрупа полициска станица во близина на градот Магаланг и уби еден полицаец, соопшти Националната служба за катастрофи и намалување на ризикот.

Едно лице загина од струен удар во градот Кандаба. Три лица го изгубија животот кога стебло падна врз една куќа и возило во провинцијата Нуева Екија, а две деца и постаро лице се удавија во провинцијата Булакан, каде има големи поплави.

Би можело да ве интересира

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод