Инсерт од филмот „Killing Season“ се појавил на Јутјуб и го прикажува холивудскиот актер Џон Траволта во улога на Србин од Босна, кој се обидува да го фати воениот злосторник кој го игра холивудскиот ветеран Роберт де Ниро.
Изгледа дека Траволта не го совладал српскиот јазик најдобро, но научил доволно за да може да комуницира со човекот кој му ги нашол податоците за неговата цел.
Филмот летоска имаше американска премиера и добил мошне лоши оценки, како од критичарите, така и од гледачите.
Инсертот во кој Џон Траволта влегува во кафеана која се вика „Сливовица“, зорува на српски и пие ракија погледнете го во видеото.