Седум деца се убиени при експлозија на бомба во западниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти.
Бомбата експлодирала во близина на извор во округот Таивара во провинцијата Гор. Во околината на изворот неодамна имало судири меѓу бунтовниците и полициските сили. Децата случајно ја активирале експлозиваната направа, додека ги воделе кравите да пијат вода.
Според претставници на локалните власти бомбата најверојатно била намената за безбедносните сили, кои полнеле вода од изворот.
Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи го осуди инцидентот.