Со повеќе свечености одбележан 11 Октомври во Прилеп

Од:

По повод националниот празник 11 Октомври делегации на Владата предводена од министерот за информатичко општество Иво Иваноски, од Сојузот на борците, од локалната самоуправа, од политички партии, од здруженија и граѓани, денеска положија цвеќиња и се поклонија пред Могилата на непобедените во Паркот на револуцијата, каде се моштите на 650-те жртви што Прилеп ги дал во НОВ.

Делегациите се поклонија пред спомениците на иделогот на Антифашистичката револуција Кузман Јосифоски Питу и на претседателот на президиумот на АСНОМ Методија Андонов Ченто.

Со едноминутно молчење во спомен на загинатите, претседателот на прилепските борци Благоја Чоноски потсети на историските борби и заложби на сите во народното востание и за остварувањето на вековните идеали на Македонците.

– По бројни битки и предизвици низ историјата, народното востание беше последното, победоносното. Треба да го чуваме заветот на сите херои знајни и нејзнајни и да го чуваме и изградиме ова парче слободна земја Македонија, порача Чоноски.

За градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески чест и гордост е денеска да си прилепчанец и Македонец.

– Прилеп секогаш застанувал на браникот на татковината. Сегашната битка на новите генерации е за економски просперитетен Прилеп и Македонија, рече Ристески.

Честитка и порака за празникот упати и потпретседателот на СДСМ Радмила Шекеринска чија делегација положи свежи цвеќиња на Могилата на непобедените.

– Граѓаните на Македонија го чествуваат големиот празник 11 Октомври, очите се свртени и кон Прилеп на кој му должиме многу, кој на вистински начин ја одреди судбината на Македонија. Секоја генерација носи своја одлука, а нашите предци донесоа вистинска одлука. Државата мора да покаже многу поголема грижа кон борците, порача Шекеринска.

Во чест на празникот денеска во Паркот на револуцијата беше отворен инфо центар и интернет комуникација, за прв пат и воена изложба на оружје на македонската Армија, а беше изведена и демонстрација на вештините на елитните единици на која присуствуваше и претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. По повод празникот отворена е изложба на коли – олдтајмери, а од булеварот почна планинската трка Крали Марко.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Две деца од Прилеп здобиле изгореници откако пламнал пожар во нивната куќа

Горан Наумовски