Генералниот секретар на НАТО во посета на Грција

Од:

НАТО останува стабилен столб на меѓународниот систем за безбедност, изјави грчкиот премиер Андонис Самарас по денешната средба во Атина со генералниот секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмусен.

Самарас и Расмусен разговарале за иднината на Северноатлантската алијанса и тековните регионални и меѓународни настани и процеси.

– Грција е една од најстарите членки на НАТО и ќе продолжи и покрај финансискиот притисок врз земјата, активно да учествува во Алијансата, истакна Самарас.

Расмусен претходно имаше средба со грчкиот министер за одбрана Димитрис Аврамопулос и со шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он