Битола го одбележа празникот 11 Октомври

Од:

Општина Битола во соработка со општинската организација на Сојузот на борци денеска со пригодна програма го одбележаа празникот 11-ти Октомври.

Делегација на општина Битола предводена од градоначалникот Владимир Талески, како и делегации на Сојузот на борци, политички партии и здруженија на граѓани, претпладнево положија букети цвеќе пред споменикот на Народноослободителната војна на Македонија што се наоѓа на плоштадот „Гоце Делчев“, како и пред спомен бистата на народниот херој Стив Наумов пред Домот на АРМ во овој град.

Според востановената традиција, општинската организација на Сојузот на борци по повод празникот 11-ти Октомври одржа историски час на партизанските гробишта во Битола, организираше литературен конкурс за учениците од основните и средните училишта на тема „Пламенот наш октомвриски вечно гори“, а делегации на таа организација остварија посета на болни и изнемоштени лица членови на Сојузот на борци. 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Татко од Битола секојдневно си ги тепал и ги малтретирал децата

Битолчанец киднапирал 24-годишна жена и ја тепал

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Поголем дел од Битола без вода за пиење

Катерина Ѓуровски

Пет „Ер трактори“ и еден канадер ќе интервенираат на пожарот во Битола