Почна 9. Фестивал на новиот германски филм

Од:

Со комедијата „Претежно ведро“ на режисерот Марко Петри синоќа во кино Милениум беше отворен 9. Фестивал на новиот германски филм, кој под мотото „Го сакам филмот“ ќе трае до 16 октомври.

Ќе бидат прикажани 14 филмски наслови кои се пресек на најдоброто од новата германска кинематографија, во организација на Амбасадата на Германија во Скопје и банката со германски капитал ПроКредит.

Фестивалот, според германската амбасадорка во Македонија Гудрун Штајнакер, има за цел да придонесе во развојот на кинокултурата во неколку градови во нашава земја и повторно заживување на затворените кина.

– Со нетрпение го очекувам јубилејното 10. издание на Германскиот филмски фестивал, со кој ќе се одбележи германско-македонското филмско пријателство. Овој културен дијалог меѓу двете земји не би можел да се оствари без вашиот интерес и вашата поддршка за германскиот филм, Штајнакер на отворањето.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски нагласи дека пораката на Германскиот нов филм е реална, а сцените од германската филмска продукција на кино платното најчесто го отсликуваат животот. На присутните им порача да бидат дел од 9. издание на Фестивалот на нов германски филм.

Nedela na Noviot germanski film 2013 (3)

– Многу наскоро можете да станете дел и од филмската магија на 12. Фестивал на Европски филм што ќе се одржува во ноември во кино салите на Младинскиот културен центар, рече Трајановски.

Фестивалот од денеска ќе се реализира во киното Фросина во Младинскиот културен центар-Скопје. Покрај во Скопје од оваа година се одржува во девет градови низ Македонија: Тетово, Битола, Прилеп, Штип, Кавадарци, Струмица, Велес и Куманово.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ