Успешната видео игра Need For Speed ќе има своја филмска адаптација која ќе се појави во кино салите на 14-ти март, следната година.
Филмот ќе се фокусира на Тоби Маршал, локален уличен тркач кој се здружува со богат бизнисмен. Набргу, Тоби е измамен и испратен во затвор. По излегувањето, тој се вклучува во нелегална трка, која се вози од Њујорк до Лос Анџелес, со цел да се одмазди.
Вториот проект е седмото продолжение на акционата франшиза Fast & Furious. Иако последното продолжение се појави пред само неколу месеци, снимањето на новиот дел е веќе започнато, а главниот актер Вин Дизел, на својата Facebook страна, ја објави и слика:
Режијата е на Џејмс Ван, а сценариото повторно го напиша Крис Морган. Fast & Furious 7 ќе се појави во кино салите на 11-ти јули, следната година.