Фестивалот на новиот германски филм од утре и во Тетово

Од:

Од утре до недела во Тетово ќе се одржи Деветтото издание на Фестивалот на новиот германски филм, информираа денеска од невладиниот Центар за балканска соработка Лоја на прес-конференција во Тетово.

– Отворањето на Фестивалот ќе се одржи утре во Центарот за култура и на него ќе присуствува германската амбасадорка Гудрун Штајнакер и градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи. На отворањето ќе биде прикажан филмот „Претежно ведро“, рече Бујар Љума од Лоја.

Во рамки на Фестивалот в сабота и в недела ќе има по две проекции кои ќе се одржуваат во просториите на Лоја при што ќе бидат прикажани филмовите „Човекот го прави тоа што може“, „Секогаш другите се виновни“, „Јоко“ и „Големиот сон“.

Филмовите се од жанрот комедија и драма додека „Јоко“ е детски филм. Сите се од 2102 година  односно од најновата германска продукција и за потребите на Фестивалот тие се преведени на македонски и албански јазик. Влезот и за проекциите во Центарот за култура и во Лоја е бесплатен.

Фестивалот е во организација на Лоја и Амбасадата на Сојузна Република Германија во соработка со Прокредит банка и Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово.

Централното отворање на Фестивалот на новиот германски филм ќе биде вечер во Скопје, додека проекции ќе има и во девет други градови во Македонија.

Би можело да ве интересира

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Првиот македонски долгометражен анимиран филм ќе има светска премиера на еден од најголемите фестивали за фантастика во светот

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано