Вардар подготвен го пречекува ПСЖ

Од:

Македонскиот ракометен шампион Вардар в недела во 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“, во рамки на 3.коло од Лигата на шампионите, е домаќин на ПСЖ. Францускиот првак во две кола двапати гостува во Скопје. Во претходното коло беше поразен од Металург.

На редовната прес-конференција на „црвено-црните“ пред дуелот со екипата од Париз, тренерот Андон Бошковски истакна дека ПСЖ е фаворит в недела.

– „Летвичката на резултати“ сега е подигната, најпрвин по нашето реми со Барселона, а потоа и со победата на Металург со ПСЖ. Ова е специфична ситуација мислам дека ќе биде убав натпревар, а ние со борбеност можеме многу да постигне и секој бод ќе биде важен. Во секој случај за Вардар најважен ќе биде следниот натпревар гостувањето во Швајцарија кај Вакер Тун. Одбраната треба да биде на ниво, а голманите во вистински момент да дојдат до бројка од 12-14 одбрани. Во секој случај не треба да ја прифатиме нивната игра и да се тркаме со нив, рече Бошковски.

За квалитетот на неделниот ривал, посочи Бошковски, најголема опасност за нас ќе биде Михаел Хансен.

– Тешко дека Данецот ќе одигра уште еден таков натпревар како против Металург. Но, нивниот „мотор“ на тимот е Даниел Нарцис, а и ПСЖ го има истиот проблем како и ние. И тие имаат проблеми со воиграноста, додаде Бошковски.

Репрезентативниот пикер на Македонија и на Вардар, Стојанче Стоилов за неделниот натпревар рече дека по сите турбуленции во екипата, се подготвени да се надигруваат со ПСЖ.

– Очекувам полна сала, а кога е таква атмосферата играчите имаат посебни мотиви за игра, истакна Стоилов.

Во составот на Вардар за очекување е по повредата да се врати Игор Карачиќ, кој одигра одличен натпревар против Барселона во 1.коло.

Според информациите од клубот, влезници за неделниот натпревар во продажба има уште малку.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa