Првачињата од Карпош се зачленија во Црвен крст

Од:

Денеска, во ООУ „Владо Тасевски“ се одржа пригодна свеченост на која, на првачињата им беа поделени пасоши и беџеви од Црвен крст, а сите останати ученици добија лепенки со хуманитарна содржина, за кои донираа парични средства во училишните касички.

Под мотото „Да изградиме вистински луѓе со високи морални вредности“, тие заедно ја одбележаа Детската недела и вклучувањето на првачињата во организацијата Црвен крст.

prvacinja-karposCkrst (1)

Во соработка со Сојузот за грижа и воспитување на децата на Македонија и Министерството за труд и социјална политика, неделава, општинското основно училиште „Владо Тасевски“ од Карпош  ја одбележа Детската недела.

Следејќи го мотото „Сите сме едно – растеме  заедно“, низ забавни игри, децата покажаа заедничка соработка, меѓусебно почитување, одговорност и љубов.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје