ВИДЕО: Во Тетово сакам…

Од:

Жителите на Тетово можеа да напишат што е она што им недостига во нивниот град. Во центарот на Тетово беа поставени табли на кои се испишуваа желбите на македонски и албански јазик.

Повеќето од нив пишуваа: Во Тетово сакам… повеќе паркинг простор, повеќе зеленило, театар на македонски јазик, толеранција, повеќе вода за пиење и друго.

Огранизатор на оваа кампања е фондацијата НВО „Инфо центар“ во соработка со Младински образовен форум, поддржани од Европската комисија.

„Целта на кампањата е луѓето да започнат да се изразуваат слободно. Затоа ги поставуваме овие ѕидови. Ова е дел од националната кампања за слободно изразување, која ја спроведуваме во повеќе градови“, изјави Андреа Митровска, која е една од иницијаторите.

Би можело да ве интересира

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот