Поскапеа цигарите на прилепскиот Тутунски комбинат

Од:

Цигарите на прилепскиот Тутунски комбинат веќе неколку дена се продаваат по повисоки цени.Со новите измени на Законот на акцизи, кој стапи на сила на 16. јули оваа година,поскапени се тврдото пакување на цигарите Бренд и 19-ка.

Цигарите на Тутнскиот комбинат-Прилеп се со нова цена, повисока за 5 денари.Во малопродажба тврдото пакување Бренд се продава за 50 денари,а 19-ка за 40 денари.Претходно зголемени беа цените на мекото пакување на цигарите Ориентал и Бренд и Рондо кратко.

Според овие измени, акцизата на цигарите постепено треба да се зголемува во наредните 10 години.

А.Ш.

 

Би можело да ве интересира

Тутунот се расадува, се предвидува добра производствена година

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите

Откупувачите ги потпишаа анексите со зголемена цена на тутунот, откупот веднаш се интензивираше

Во Прилеп се очекува да се интензивира откупот на тутунот

Меџити: Мора да се одвикнеме од пушењето, лекувањето е поскапо за болестите што тоа ги предизвикува

A1on