Миленко најави апсење и на Жерновски

Од:

На својот ФБ профил, Миленко Неделковски најави дека следува, како што пишува, полициска акција „Паркинг“ за како што вели, злоупотребите на Жерновски со паркингот кај Државна.

Во МВР посочуваат од Цнетар, треба да се загрижат бидејќи „течат“ информации од безбедносните служби. Неделковски знае и најавува и како ќе се вика акцијата.

Жерновски на својот ФБ профил, по веста дека со меѓународна потерница се бара претседателот на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ напиша:

„Можете да ги уапсите и другите наши советници. Така ќе бидете на добар пат да имате мнозинство во Советот на општина Центар и да ја фалсификувате вољата на граѓаните“.

milenkoFBapsenje

Од општина Центар посочуваат дека со континуираните притисоци и обиди за блокади, секојдневни селективни инспекции, нарачаните и организирани наводни протести во одбрана на верата и црквата, власта сака да ја потцени вољата на жителите на Центар и да ги оневозможи проектите на новото раководство на Центар.

Ударот врз Мирослав Шиповиќ е индиректен притисок и врз Жерновски,посочуваат од таму.

 

Би можело да ве интересира

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани додека не нарекува „талог“

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Жерновски: Кошта, Вајц и ЕУ ја потврдија реалноста што власта ја премолчува

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите